„Началникот со црвеното ферари Сашо Мијалов од Монте Карло „пристигна“ во карневалско Вевчани. Друштво му правеа Груби и министрите, кои го продолжија недовршениот натпревар од кабинетот на василичарскиот карневал со куферчето на Државна лотарија, а Мицкоски им даваше црвен картон.“ – пренесе ТВ 24. Инаку, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков претходно беше забележан пред луксузен хотел на јануари 2025 година во монденскиот центар Монако со луксузно црвено „ферари“, чија вредност се проценува на неколку стотини илјади евра. Тогаш на снимката, која е објавена на инстаграм, беше покажан Мијалков додека излегува од автомобилот и влегува во хотелот во друштво на други гости.

Сашо Мијалков од поодамна е на црната листа на САД. Тој беше осуден на вкупно 24 години затвор за случаите „Империја“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“ и „Плацови на Водно“. Иако беше осуден за повеќе случаи, Мијалков досега одлежа казна само за случајот „Империја“. Во овој случај тој во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна, заедно со одземање на имот.