Зарем во Штип не требаше да се формира монтажен регионален КОВИД – центар? За информација на граѓаните, поранешниот Градоначалник бараше од Советот на Општина Штип изнаоѓање флексибилна, мобилна и едноставна структура од монтажен карактер, која требаше да одговори на потребите во справувањето со Корона вирусот, изјави денеска за медиумите, Весна Начева од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште на 29 јули, Советот на Општина Штип донесе одлука за формирање на ваков центар. Меѓутоа и тогаш знаевме, а и сега гледаме, дека таа одлука била залудна, затоа што власта нема абер од монтажна болница. Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем! Откако се пополнија капацитетите на Инфективното одделение и откако се препраќаа пациентите на лекување во Кочани, раководните структури на болницата направија импровизирано одделение за болни од КОВИД-19 во Одделението за кожни болести, истакнаа таа.

– И наместо да се фокусираат на доградба на долги години неизградената нова Клиничка болница, тие ветуваа монтажна болница. Наместо да го формираат таканаречениот монтажен регионален КОВИД – центар, тие импровизираат Инфективно, во Кожно одделение. Па така, власта веќе 9 месеци се врти во круг, додека граѓаните бараат тест повеќе, место повеќе, кислород повеќе, посочи Начева.