Пациентите не можат сами да разграничат од што се болни бидејќи и ковидот и грипот се со исти симптоми, изјави пулмологот Дејан Докиќ за ТВ24.

– Плазмата од ковалесцентни (пациенти кои оздравеле од вирусот) се дава кај пациенти кои се во почетна фаза на болеста. Лекот „ремдесивир“ не делува кај сите пациенти. Во потешки стадиуми, овој лек нема такви резултати. Нема лек за овој вирус. Најважен е имуниот одговор, рече Докиќ во Студио 10 на ТВ24.