Македонските натпреварувачи со три медали, по еден златен, сребрен и бронзен, се враќаат од боксерскиот турнир во Врбас 2019, Србија, во кадетската конкуренција.
Најсјајно одличје отиде на градите на Ардијан Аземи кој беше најуспешен во категоријата +80 килограми. Тој во финалето го победи Вишал Гупта од Индија.
Сребрен медал освои Ајхан Озмен, откако во финалето во категоријата до 66 килограми загуби од Султан Бабаханов од Казахстан кој воедно е и првак на Азија.
Третиот македонски боксер со освоен медал е Илхан Озмен кој стигна до бронзениот медал.
На овој престижен турнир што се одржа викендот во Србија, нашата држава беше претставена и од судијата Стефан Цубалевски.