Русинот Данил Медведев го освоитрофејот на турнирот во Синсинати, откако ноќеска во финалето го совлада Белгиецот Давид Гофин.

Во меч што траеше еден час и 41 минута, Медведев го доби првиот сет со 7:6, додека во вториот славеше со 6:4.

По овој успех, Русинот за првпат се најде меѓу првите пет на АТП ранг листата. За него ова беше трето АТП финале по ред, во претходните две (Вашингтон и Монтреал) беше поразен.

Наградниот фонд на турнирот во Синсинати изнесуваше шест милиони долари.