Прекрасен рис е снимен во Националниот парк Маврово со помош на фотозамка и е направена прекрасна фотографија од оваа гордост на Бистра.

На страницата на Националниот парк е објавена фотографија од рисот со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис што се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво.

Исто така направено е и видео од волк исто така со помош на фотозамки во рамките на истиот проект.