Руските средства на францускиот производител Рено станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија. Објавата е во момент кога странски компании ја напуштаат државата поради воената кампања на Москва во Украина.
– Потпишани се договори за трансфер на руски средства на групацијата Рено на Руската Федерација и владата на Москва, се вели во соопштението на Министерството.
Ќе се произведуваат автомобили под историскиот бренд „Москвич“. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
– Странскиот сопственик одлучи да ја затвори фабриката на Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа. Затоа решив да ја преземам фабриката под раковоство на градот и да го обновам производството на автомобили под историскиот бренд „Москвич“, пишува градоначалникот на својот блог.