На социјалните мрежи, но и во медиуми на албански јазик во Македонија, се објавува дека најмалку четворица членови на една македонска политичка партија се претставиле како Албанци за да можат да се вработат во државна институција.
Неофицијално станува збор за осум вработени во државниот инспекторат за земјоделие, по националност Македонци или Власи, но сега се чувствувале како Албанци или Турци.
За ваквите манипулации во врска со изразувањето на националното чувство, на социјалните мрежи денеска има повеќе објави и коментари, пред се со негативен и исмејувачки контекст.