Над 200 вооружени специјалци на косовската полиција, во придружба на оклопни возила, вечерва влегоа од јужниот во северниот дел на Митровица. Според медиумите, тие ја блокирале цела Косовска Митровица и не дозволуваат снимање и фотографирање. Дел од нив известуваат дека се активирани и две шок бомби. Поради најновите случувања во Митровица, за 23 часот вечерва е најавена вонредна прес-конференција на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Косовската полиција претходно соопшти дека во наредните денови ќе го зголеми своето присуство на северот на Косово и додаде дека одржување на јавниот ред, гарантирање на безбедноста, заштитата на животите и имотот на сите граѓани е меѓу главните нејзини цели, пренесува „Газета експрес“.

Во соопштението се додава дека косовската полиција има капацитет за управување и контртола на безбедносната ситуација и одржување на редот, како и преземање на активности за спроведување на законитоста на целата територија на Косово.