Најмалку 31 човек се повредени во земјотресот со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди југозападната провинција Сечуан.
Вкупно 21 лице се хоспитализирано поради здобиените повреди.
Синоќешниот земјотрес бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Ибин, а утрово регистриран е уште еден земјотрес со интензитет од 4,6 степени на длабочина од 14 километри.
Серија силни земјотреси беа регистрирани во Сечуан на 18 јуни при што загинаа 13, а повредени беа над 200 луѓе.