Американската армија извршила кибер напад врз компјутерските системи на иранската војска откако американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот го откажа конвенционалниот воен напад врз Иран поради соборување на американски дрон.

– Кибер нападите се извршени со дозвола од Трамп, изјавија двајца неименувани американски претставници.

Тие тврдат дека кибер нападите биле планирани повеќе недели откако се зголемија тензиите помеѓу САД и Иран.

Целта на кибер нападите било оневозможување на иранските компјутерски системи кои ги контролираат лансирните рампи на ракетите.

Американската армија го нападнала компјутерскиот систем на Иранската исламистичка револуционерна гарда, која претходно Трамп ја прогласи за странска терористичка организација