Повеќе од 50 луѓе загинаа вчера во израелски напади во Либан, особено во Бејрут, соопшти синоќа либанското Министерство за здравство.

Најмалку 15 лица загинаа, а 63 се повредени во Бејрут, каде што продолжува потрагата по жртви под урнатините на погодената станбена зграда, се наведува во соопштението.

Најмалку 38 лица загинаа и во израелските напади во источен и јужен Либан.

Како поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа, либанското, проиранско движење Хезболах отвори фронт против Израел на 8 октомври 2023 година, секојдневно гаѓајќи ја израелската територија од јужен Либан.