Потрошени милиони евра за проекти, илјадници книги кои скапуваат по магацини, пропусти во јавни набавки, ова го констатирале државните ревизори во најновиот извештај за Министерството за култура.
Во документот стои дека институцијата минатата година исплатила над 5 милиони евра за проекти на други корисници, без притоа да бидат јасно утврдени критериумите за распределба на парите. Финансирани се над 1.600 проекти, а просечно за секој се исплатени околу 3.000 евра. Утврдени се слабости и во распределба на парите за проекти од национален интерес.
Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти што го нарушува почитувањето на утврдените услови, пишува во извештајот на ревизорите.
Ревизорите утврдиле и дека над 680 илјади книги во вредност од 6,6 милиони евра се заглавени во Министерството за култура. Не може да се распределат затоа што ниту една институција нема интерес. Станува збор за книги од 17 капитални проекти или точно 686.318 книги, вредни 6,6 милиони евра, и не може да ги распореди низ институциите. Книгите се помеѓу 2009 и 2019 година, утврди Државниот завод за ревизија, кој издаде неповолно мислење за тоа како Министерството за култура ги трошело нашите пари во 2023 година. Неповолното мислење е за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, а за усогласеноста со законската регулатива и упатства, мислењето е со резерва. Министер во периодот на кој се однесува извештајот беше Бисера Костадиновска Стојчевска.
Поради непостоење на план за дистрибуција за отпечатените, а не дистрибуирани книги се создава значителен проблем со сместувањето на оваа голема количина. Исто така не е извршен ни попис за фактичката состојба како во однос на бројот на книги така и за условите во кои тие се чуваат што може да доведе до оштетување на истите, стои во извештајот.
Во извештајот пишува дека оваа голема количина на книгите се печатени во периодот од 2009 до 2019 година што значи дека проблемот со нивната дистрибуција се провлекува со години.
Дополнително ревизорите констатирале и дека се исплатени надоместоци без законска основа, а утврдени се и пропусти во две јавни набавки во вкупен износ од 300 илјади евра.
Исто така, во однос на приоритетите за развој на културата констатирано е и дека последната усвоена Национална стратегија за развој е за период од 2018 до 2022 година. Ова практично значи дека активностите минатата година се извршувале без јасни насоки. Новата стратегија пак која е донесена на крајот од 2023 година , а е за периодот до 2028 се уште не е усвоена од Собранието.
Во документот стои дека институцијата минатата година исплатила над 5 милиони евра за проекти на други корисници, без притоа да бидат јасно утврдени критериумите за распределба на парите. Финансирани се над 1.600 проекти, а просечно за секој се исплатени околу 3.000 евра. Утврдени се слабости и во распределба на парите за проекти од национален интерес.
Дел од исплатените средства за проекти не се доделени преку редовни конкурси, а некои правни лица добиле поддршка над лимитот од четири проекти што го нарушува почитувањето на утврдените услови, пишува во извештајот на ревизорите.
Ревизорите утврдиле и дека над 680 илјади книги во вредност од 6,6 милиони евра се заглавени во Министерството за култура. Не може да се распределат затоа што ниту една институција нема интерес. Станува збор за книги од 17 капитални проекти.