Во изминатите денови на интернет се појави база со податоци од речиси 770 милиони имејл адреси и над 21 милион лозинки, објави Wired.
Базата е насловена Collection#1 и е збир од 2.000 извори, а не само од една компанија.
Во „колекцијата“ има хакнати и лозинки вклучително и такви кои се со крпто-заштита. Базата на податоци не се продава туку е пуштена слободно на хакерски форуми.
Базата на податоци е додадена и кон сајтот Have I Been Pwned каде може да се провери дали имејлот ви е објавен на интернет во тие хакирани адреси. Засега не е јасно кој ги собрал ионформациите и на кој начин.