Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи патувањето во странство на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, нарекувајќи го „седумдневна екскурзија“.

Пелоси бараше да патува во Египет, Авганистан и Брисел.

Трамп во писмо и порача дека нејзиното патување е одложено и ќе биде повторно разгледано по прекинот на блокадата на Владата.

Делумната блокада на владата трае од 27 декември.

Пелоси во средата преку писмо му упати на Трамп предлог да го одложи своето годишно обраќање до нацијата заради блокадата . Во тој традиционален говор претседателот на САД ги истакнува целите на администрацијата за претстојната година.