Над половина милион долари испаднале од блиндиран камион на магистрала во северноамериканската држава Њу Џерси. Околу 300 илјади од нив се уште не се пронајдени.
Две вреќи со пари испаднале од камионот во четвртокот, и во едниот имало 370.000 долари, а во другиот 140.000 долари.
Парите испаднале преку задната врата кај која се појавил механички проблем. Многу возачи запреле и почнале да собираат од парите. Поради тоа се случиле и две сообраќајни несреќи.
Дел од луѓето собрале и вратиле 216 илјади долари, додека недостигаат уште 294.000 долари,соопшти полицијата.