Обожавателка на приказните на Дизни, Сиан Тесдејл од Свонси, поминала 30 часа во украсување на новогодишна елка инспирирана од „Убавицата и ѕверот“. Оваа 29-годишна жена три дена по осум часа рачно ги изработувала жолтите и црвените украси за дрвцето, а потоа шест часа внимателно ги поставувала жолтите и розовите лампиони и црвените и жолтите ленти на дрвото. Потрошила околу 150 долари.

-Минатата година одлучив оваа година да ги проучуам украсите инспирирани од приказната за Убавицата и Ѕверот, но на крајот решив да направам нешто поголемо и подобро. Не можев да најдам лампиони со вистинската жолта боја, па затоа сама ги боев за да бидат иста нијанса како фустанот на Бела, вели оваа мајка на едно дете.

Најмногу ја чинеле оригиналните украси на Дизни, кои ги има само десет, а за нив дала меѓу 12 до 15 долари. Таа вели дека ќе собере уште за следниот Божиќ.

Таа додаде дека ја сака Бела од нејзината четврта година, па дури и за името на нејзината ќерка Арабела била инспирирана од таа хероина на Дизни.