Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал ќе игра во финалето на турнирот од Серијата 1000 во Торонто, Канада. Шпанецот рано утрово го совлада рускиот тенисер Карен Хачанов со 2-0, по сетови 7:6 и 6:4.
Мечот доцнеше со својот почеток неколку часа, а причина за тоа беше силниот дожд. Поради тоа, противникот на Надал во завршницата на турнирот, Гркот Стефанос Циципас, поодморен ќе влезе во вечерашното финале.
Почетокот на дуелот за трофејот е во 22 часот.
За Надал ова ќе биде четврто финале во Торонто. Тој досега има еден трофеј освен пред една деценија.
Грчкиот тенисер ќе го игра своето прво финале во Канада.