Вториот на светската ранг-листа – Рафаел Надал го сподели своето мислење за моменталната состојба во спортот. Тој ги откри условите под кои ќе учествува во Ролан Гарос, додавајќи дека без навивачи на трибините не му се допаѓа и тоа му ја одзема енергијата.
– Гледам кон иднината, не размислувам за тенис, туку за медицината и санитарните услови. Јас ќе учествувам во Ролан Гарос, ако сите можеме да се собереме и биде безбедно. Треба да се преземат сите мерки. Можеби ќе мора да играме без гледачи. Ова се практикува во фудбалот, но не сакам да гледам натпревар пред празни трибини. Без навивачите, нема енергија во натпреварувањето, рече Надал.
Потсетуваме дека Ролан Гарос е закажан за крајот на септември, а Шпанецот е рекордер со 12 трофеи.