Во 2026 година ќе подели рекордни 108 милиони долари на учесниците, што претставува најголем награден фонд во историјата на професионалниот тенис.

Победниците во сингл конкуренција ќе заработат по 5,5 милиони долари, додека и елиминацијата во првото коло ќе биде наградена со дури 140.000 долари.

Оваа е втора година по ред во која наградниот фонд расте за 20 отсто, а за само две години вкупната сума е зголемена за огромни 44 отсто.

Најмногу, очекувано, ќе заработат најдобрите. Победникот и победничката во сингл конкуренција ќе инкасираат по 5,5 милиони долари, што според организаторите е најголемата поединечна награда досега за шампион на еден тениски турнир.