Цената на становите во следниот период ќе се намалува благодарение на намалувањето на цените на градежните материјали, смета директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргиев.
– Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекарница, па така ќе можеме во ова лудило во државата и во целиот регион да бидеме некаков регулатор за цената на квадратен метар. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад, рече Ѓоргиев.
Тој заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска извршија увид во градежните работи за изградба на социјална зграда во Општина Бутел.
Ѓоргијев рече дека во моментот нема информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар објаснувајќи ја процедурата за утврдување на цената.
– Во овој момент немаме информации колку ќе изнесува цената на становите за квадратен метар. Знаете дека кај нас се утврдуваат од Бирото за судски вештачењstanoviа, па одат во Владата, па потоа одат на јавен оглас каде што може да се наддава за цената, рече Ѓоргиев.
Тој смета дека трендот на енормно зголемени цени за квадратен метар не е само кај нас туку во регионот и во цела Европа, но во периодот што следува се очекува намалување.