Иако „Амазон“ го напушти седиштето во Њујорк, шефот на компанијата и најбогат човек на светот, Џеф Безос, одлучи да се пресели токму таму. Затоа купил три апартмани за „мала” цена од вкупно 80 милиони долари.
Безос купил три станови, односно пентхаус и два стана под него, кои имаат 12 спални соби и се протегаат на повеќе од 1.600 квадратни метри.
Зградата, во која се наоѓаат становите, е сместена на славната Петта Авенија.
На богатите станари им нуди фитнес центар, симулатор за голф и соба за прикажување на филмови.
Се претпоставува дека овој стан ќе биде новото љубовно гнездо на Безос и водителката Лорен Санчез, поради која на почетокот на годината ја оставил својата долгогодишна сопруга Мекензи.
Безос инаку има неколку луксузни недвижнини во Калифорнија, Тексас и Вашингтон.
Шефот на „Амазон“ тежи 108.3 милијарди долари, а пред една година стана најбогат човек во светот, нему тоа всушност му е еден работен час.