Светските лидери се собраа вчера во Трамп вчера во Портсмут, на југот на Велика Британија, на одбележувањето на 75-годишнината од „Денот Д“ – најголемата поморска ивазија во историјата и ден со кој САД, Велика Британија и сојузниците го најавија падот на Хитлер.

Покрај бројните шефови на држави и влади, како и членови на британското кралско семејство, симпатиите на свечениот прием ги освои  93-годишниот Томас Катберт, ветеран од Втората светска војна, кој беше воодушевен од средбата со првата дама на САД, Меланија Трамп. Сопругата на Доналд очигледно премногу го шармирала Томас, така што тој не можеше да одолее, а да не ѝ даде комплименти.

„Прекрасна е, зарем не? Ех, да ве нема вас и да сум помлад 20 години“, рече Томас, на што Доналд Трамп низ насмевка му одговори: „Би можеле вие тоа, нема сомнеж“.

Инаку, Томас Катберт е носител на орден „Легијата на честа“ поради неговите заслуги при истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија за време на Втората светска војна.