Пред 46 години на Тјентиште на снимањето на филмот „Сутјеска”, Павле Милановиќ имаше посебна задача. Најдобар келнер во поранешна Југославија се грижеше за сопругата на Ричард Бартон, Елизабет Тејлор.
Од тогаш поминаа речиси пет децении, но пензионираниот келнер Павле Милановиќ од Тјентиште уште се сеќава на убавината на познатата актерка. За време на снимањето бил нејзин личен келнер, а таа задача, заради која поголемиот дел од неговите колеги му биле љубоморни му е доверена, бидејќи на натпревар во Порторож претходната година бил прогласен за најдобар келнер на Југославија.
Тејлор не играше во филмот, но таа го следела нејзиниот сопруг, кој го игралше Тито во Сутјеска. Пристап до вилата каде што била сместена филмската дива со нејзините посвоени деца, имал само Павле.
– Никој, само јас и Маргета, главната собарка во вилата. Само јас и таа, вели Павле.
Ги служел речиси сите, освен Тито, кој ги имал свои келнери и готвачи.
Четириесет дена со Елизабет можеби му е најдрагиот дел од неговата кариера во угостителството.
– Таква убавина како нејзината, немаше никој на земјината топка. А очите … – истакна тој.
Неговата фасцинација со убавината на познатата актерка, сопругара на Павле, Илинка не ја дели.
-Имаше стотици како неа, само таа беше истакната, вели Илинка.
Павле зачекори во деветата деценија од животот, зад него има два мозочни удари, но разделбата со Елизабет се уште ја памети.
– Ме прегрна, ме бакна како да сум нејзин брат и ми стави плик во јакната. Отидов во тоалет, погледнав во пликото, а тоа полно со долари – раскажува Павле.
Од парите почнал да гради викендица во село. Но, таа и денес не е завршена, бидејќи војната му ги прекршила сите планови, но исто така и среќното време во неговиот живот.
– Тоа беа среќни времиња. Не може посреќни да бидат во светот, се живееше подобро, поубаво и слободно, вели тој.