Ексклузивното мени што ќе ви овозможи врвно ено-гастрономско уживање на 23-ти јуни, во ноќта наречена „Вино на штикли“, го подготви најдобриот готвачки тим на ресторан „Форца“, што значи уживање за најпребирливите хедонисти и декларирани гурмани.
Гостите ќе уживаат во дегустација на над 150 различни вина од 20 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните деликатеси на ресторан Форца.
Гастро корнерот ќе биде празник за очи составен од: брускети со лосос, брускети со гвакамоле намаз, крема од аспарагус, паштета од 4 вида сирења со мармалад од црвени пиперки, ракчиња, урми со панчета, домашни и интернационални сирења и сувомеснати производи, јагнешки Адана ќебап, Black Angus бургери, десерти на Chocoholic… Списокот е долг и гастрономски инспиративен.
За љубителите на тартуфи, македонскиот бренд Tuf подготви презентација каде ќе можат да се пробаат – намаз со маслинки и тартуфи, тартуфата, слатко од портокал со тартуфи, маслиново масло со чист тартуф и уште многу изненадувања со оваа скапа печурка. Дојдете, вкусите.
Во продолжение следува менито за настанот „Вино на штикли“.