Најдолгиот полициски час во историјата на самостојна Македонија, кој викендов трае 3.660 минути, во скопската населба Лисиче минува и со свирка.
Граѓаните ги почитуваат строгите мерки, но најдоа начин како да се подигне мачната атмосфера што ја наметнаа мерките против епидемијата.
На Фејсбук е објавено видео снимено во Лисиче на кое група од неколку лица свират македонски песни во дворот и ги забавуваат соседите.
Видеото набрзо доби многу лајкови и позитивни коментари од корисниците на оваа социјална мрежа.