Излегувањето и претставувањето на Стојанче Ангелов за претставник на бранителите не само што не е точно, него туку тие знаат дека тој повеќе не е пожелен помеѓу бранителите, рече во денешното гостување во „Што не е јасно“ со Искра Коровешвоска, мајорот во пензија Марин Најдов кој бил и во раководството на здружението Достоинство.

Тој ја објасни неговата замисла за тоа како тој мислел да функционира Достоинство и бранителите да ги остварат нивните права и дека сестрано му помагал на Стојанче Ангелов да го зајакне здружението но не сакал истото да влезе во политичките води како што тоа го направи Ангелов.

– Иако јас бев еден од првите кога се појавив на собрание во Дом на АРМ на првото собрание на Достоинство и тогаш реков дека сакам да пристапам на Достоинство ако е тоа вака како што слушам и дека ќе дадам се за бранителите ги остварат своите права во раководството на здружението и дека ако здружението или претседателот тргне во политички води мене ми нема место во тоа. Јас сум војник, јас политика не разбирам. А здружението сакав да расте и бранителите сакав да ги остварат нивните права бидејќи ги водев. Бев да не кажам пресуден во нивните животи на местата на кои што јас гравитирав и бев присутен и они тоа многу добро го знаат, меѓу кои и Стојанче Ангелов беше. Тој знаеше за тоа што јас во тоа време бев, меѓутоа во некое време кога сакаше да се подигне здружението и да покаже јачина во македонската јавност јас сесрдно му помагав и не се штедев, но бев единствен од раководството кој што беше од страна, сите други му беа присутни другари тука и тој тоа вешто го правеше, рече Најдов.

Раскажа и дека многу луѓе го предупредувале дека Стојанче Ангелов манипулира, но не верувал дека ќе стигне до таму и да ги предаде бранителите, нешто што подоцна го направил.

-Иако ме предупредуваа некои луѓе дека манипулира и дека мене не ми е местото во тоа, јас тоа не верував затоа што не мислев дека он на крај бранителите ќе ги предаде, но он тоа го направи. Верував дека ќе се бориме до крај и дека правата ќе ги оствариме. Може и политички да ги оствариме, меѓутоа ние не можеме да се мешаме во политиката како бранители. Јас бранителите ги гледав како натпартиска категорија и ги изедначував со државата бидејќи тие не бранеа партија, тие бранеа држава, потенцираше Најдов.