Најџел Фараж е британски политичар кој долги години беше европратеник, а потоа стана еден од најголемите заговорници на Брегзит сметајќи дека ЕУ е збирштина на бирократи кои ја уништуваат неговата земја. Во ова видео зборува за прописите согласно кои власите можат да ви ја замрзнат сметаката во банка, како што се случи со камионџиите во Канада и за тоа како да преживееете во овој налет на глобализмот. Вусшност, тој зборува з атоа кој всушност владее соБританија и другите држави кои се дел од овој систем.

ВОДИТЕЛ:

Значи, Најџел, уште едно прашање за затворањето на сметки и безготовинското општество: кој стои зад сето ова? Отстранување на готовина и контрола на политички изложени луѓе?

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ:

Целата работа со политички изложени личности е глупост бидејќи не се однесува само на политичари туку тоа се однесува и на нивното семејство. И би можел да ви дадам долг список на членови на моето семејство на кои им се затворени сметките. Нема да го направам тоа, но мислам, знаете, помислата дека некој, само затоа што е поврзан со мене, има затворена деловна сметка, искрено, е монструозна. Преку Меѓународниот монетарен фонд, ОЕЦД, Банката на Англија, Европската Унија, Обединетите Нации, ова е глобализам. Глобализмот е кога неизбрани личност преземаат сè поголема моќ, а ја намалуваат моќта на националната држава и затоа ја намалува нашата можност да ги вработуваме и отпуштаме оние што ги донесуваат нашите закони.

Кој има корист од тоа? Колку е поголем бизнисот, толку повеќе тие имаат корист. И ако научив нешто – знаете, имајте на ум, јас бев избран во Европскиот парламент уште во 1990-тите и ако научив нешто низ годините во политиката, тоа е дека големите бизниси имаат таква контрола над владата што владината политика и однесувањето на владата, тие се повеќе се наклонети кон компаниите на големите глобални корпорации. И мојата борба за Брегзит – без разлика дали се согласувате со Брегзит или не – ако размислите за тоа, целата поента на Брегзит беше да се борам против овие монструозни недемократски, доминирани од големи компании, вештачки држави што се создаваат и Брегзит беше првата тула што излезе од ѕидот. Борбата за возврат доаѓа, низ цела Европа. И во Америка, борбата за возврат… Па, има само еден човек кој може да ја води борбата за возврат во Америка…

ВОДИТЕЛ:

Кој?

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ:

Одличен човек, одличен прекрасен човек.

ВОДИТЕЛ:

Што можеме да направиме околу ова Најџел? Што можеме да направиме против ова глобалистичко движење?”

НАЈЏЕЛ ФАРАЖ:

Она што би го рекол е да не ги поддржувате, политички, оние кои отсекогаш го поддржувале и ќе го направат полошо и полошо. Тоа е индивидуалната моќ што ја имаме. И тоа е многу важно. Претходно ја спомнав поентата за готовината, дека можеме да користиме готовина малку повеќе за да им кажеме на банките дека ни треба ова, не можеме да функционираме без тоа. Сепак, можеме да се заштитиме. Знаете, секој од вас таму што има една деловна банкарска сметка, кој мисли дека сè е одлично и никогаш нема да се соочам со проблем, па, погледнете што ми се случи мене. Ако можат мене да ми затворат сметки, можат и вас. Во ред, од која било лажна причина, дури може и некој со кој сте биле на училиште да направи нешто лошо, толку е лошо ова. Затоа заштитете се, проверете дали имате пристап до други банкарски сметки. Погрижете се да имате повеќе од една банкарска сметка. Тоа е првата основна заштита што некој, и на деловно и на лично ниво, треба да ја направи. Дури и би рекол, имајте три.

Затоа заштитете се со тоа. Во однос на иднината, мислам дека треба да размислите да имате некои средства кои што не можат да ви се одземат. Еден од тие средства е златник, нешто што всушност физички го поседувате, знаете, а другото е криптовалути. Да, тие имаат свои проблеми, да, има некои многу несигурни провајдери, знаете, господине Банкмен-Фројд, Господ нека ни е на помош, пријател на Тони Блер и Бил Клинтон, сите тие едноставно се заслужуваат еден со друг, претпоставувам. на многу начини, и постојат ризици но, всушност, една од причините поради што криптото расте толку брзо, особено во Америка, е ова. Вие сте одговорни за вашите пари; данокот не може да ви го земе; банката не може да ве затвори. И така, сè уште верувам дека, и да, има некои работи што треба да се средат во индустријата, но сепак верувам дека да се има нешто од парите во криптовалутите, повторно, е многу, многу добра заштита.

„Се сеќавате ли на канадските камионџии? Значи, ова беа момци, и некои девојки, знаете, кои возат камиони на долги релации, и одеднаш Трудо, газдата на Канада, стави мандат за вакцина на луѓето кои и онака никогаш не сретнуваат други, и можеа да ги изгубат средствата за живот додека не примаа вакцина на секои две недели. И тие протестираа и што се случи? Сметките им беа смрзнати. Сите смрзнати. И единствено преживуваа со криптовалути. И не е страшно ако сеуште не сте запознаени со тоа, повеќето од луѓето не се. Сосема разбирам зошто ова е толку значајно, но од моите посети во Америка, сега можете да купите сè, од Ферари до кафе користејќи Bitcoin или Ethereum. Не мислете дека ова ќе исчезне. Не верувајте во Фајненшл Тајмс, не верувајте во Банката на Англија, не верувајте во Би-Би-Си. Не, всушност, никогаш не верувајте во Би-Би-Си затоа што сите тие ќе ви кажат дека криптовалутите се безвредни. Тоа не е точно. И тоа е нешто што сите вие, ако сè уште не сте го направиле, разгледајте, прочитајте и размислете за тоа“.

Дали се сложувате со тоа?

ВОДИТЕЛ:

Што мислите вие? Два ипол дена зборуваме за ова!

100% се сложувам со тоа.