Најмладата пациентка досега која почина од КОВИД- 19, е 24-годишна пациентка од село Јажинце, од тетовската општина Јегуновце. Немала регистрирано хронични болести.
На Инфективна Клиника во Скопје била донесена на 28 јуни, а претходно се лекувала два дена во Тетовската болница, каде дошла по една недела домашно лекување од КОВИД 19. Откако ги добила првите симптоми матичниот лекар и дал соодветна терапија, но ситуацијата не се подобрила и таа била хоспитализирана во Тетово, информира Телма.
Брзо и се влошила ситуацијата и отежнато дишела, потоа била префрлена на скопска Инфективна. Тука имала извесно подобрување, но состојбата во последните денови се влошила бидејќи се појавиле кардиолошки проблеми и во нејзиното лекување, освен инфектолозите биле вклучени и кардиолози.