Во рамки на општите фалби кои Венко Филипче сака да ги добива, во согласност со неговиот пи-ар, пред извено време стигнаа и изјавите од претставникот на СЗО, Скано, како и од претставничката на СЗО во Скопје, Тавила. Тие доаѓаат од организацијата за која американскиот претседател Доналд Трамп не сака веќе ни да чуе, а една од причините е и фактот што има информации дека СЗО или неодговорно се однесувала на почетокот на кризата или криела информации. Еден доказ за тоа е дека Тајван уште во декември ја предупредил СЗО дека постои опасност дека вирус кој се појавил во Кина има способност да се пренесува од човек на човек, но на 14 јануари СЗО се уште им верува на Кинезите дека тоа не е така. Остатокот од приказната го занете.

Е, претставници на таа организација која е виновна, меѓудругите, за оваа епидемија, поради што САД го прекинаа финансирањето и се повлекоа од членството, се вклучија во промоција на Филипче. Срамота? Не, се разбира. Кај нас не може да биде срамота.

Инаку во твитот на претседателот на СЗО од 14 јануари стои дека нема докази, според првичните извештатите и истражувања од Кина, дека новиот вирус се пренесува од човек на човек. Со други зборови, бидете лабави, не се грижете. Е овие, истурија брдо фалби на сметка на Филипче и на „Северна“ плус повикувајќи не да не се споредуваме со другите, оти тие не чинеле, а ние сме биле пример.