Додека неговите врсници спијат во удобни креветчиња, четиригодишниот Александар ноќта ја преспива на отворено, пред Собрание. Тој е најмалиот бранител на името Македонија и македонскиот идентитет, кои оваа влада, заедно со нејзините ментори од надвор, има намера да ги укине со преименувањето на државата во Република Северна Македонија. Мајката на Александар, Ана Бобинкова, е еден од организаторите на барикадите и протестите на Македонците. Таа, заедно со нејзиното синче, со месеци се пред Собрание, обидувајќи се да ја спасат Македонија од исчезнување.