Најмалку 11 луѓе загинаа откако напаѓач отвори оган во синагога во Питсбург во момент кога во неа имало повеќе од 100 лица.
Ранети се шест луѓе меѓу кои четворица полицајци.
Напаѓачот е идентификуван како Роберт Бауерс (46) кој утрото по локално време упаднал во синагогата и отворил оган со повици „сите Евреи мора да умрат“. Кога се појавила полицијата Бауер продолжил да пука и по престрелката и подоцна се предал.
Последната порака тој ја објавил само еден час пред нападот и навел дека ХИАС (еврејска организација што им помага на имигрантите) „донесува освојувачи кои убиваат наши луѓе“. „Не можам да седам, одам внатре“.
На свој профил на социјална мрежа наместо своја биографија напишал – Сите Евреи се деца на Сатаната.
Тоа е најверојатно насмртоносниот напад врз еврејска заедница во историјата на САД, соопштија американски еврејски организации.