Дваесет и едно лице загинаа во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, кој предизвика евакуација на десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми.
Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.
#BREAKING: At least 21 people killed in fire at hospital in Fengtai district of Beijing, Chinese state media sayshttps://t.co/nwWsTqntOs
— I.E.N. (@BreakingIEN) April 18, 2023
Видеата од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата, а некои луѓе бегаат низ прозорците на јаже направено од чаршафи.
Другите во обид да се спасат се качија на клима уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците.
Пожарот е изгаснат, а причината е под истрага, според извештаите, на медиумите.