Најмалку 30 лица денеска се повредени кога автомобил влетал во карневалска поворка во градот Фолкмарсен , во западниот дел на Германија, соопшти „Билд“.
Според наводите на весникот, околу третина од лицата се тешко повредени, а британските медиуми наведуваат дека полицијата засега не ја потврдила оваа бројка.
Полицијата претходно јави дека во нападот има најмалку 15 повредени учесници на карневалот.
Германските медиуми соопштија дека меѓу повредените има и деца, а цитираа и сведоци кои наведуваат дека возачот намерно влетал во толпата луѓе, забрзувајќи пред да удри во нив.
Индиентот се случил во 14, 30 часот по локалано време.
Полицијата одби да каже дали возачот намерно влетал во толпата луѓе или станува збор за несреќен случај, јавија британските медиуми.
Германските медиуми,пак, објавија дека меѓу повредените има и деца и цитираат сведоци кои тврдат дека возачот намерно влетал со автомобилот во толпата, па дури и дека забрзал пред да удри во неа.
Франфуртер Алгемајне цајтунг јавува дека сребрениот „Мерцедес“ се запрел дури 30 метри по моментот на влетувањето меѓу луѓето.
Сребрениот „Мерцедес“ влетал меѓу луѓето за време на карневалската поворка во градот Фолксмарсен.