Најмалку 35 мигранти денеска се удавиле кога нивниот брод потонал покрај јужниот брег на Тунис, а на идентичен начин денеска во турската покраина Анталија се удавија девет бегалци, меѓу кои шест се деца, објавија властите во овие земји.
Од Тунис стигна вест дека најмалку 35 лица загинале, а 67 се спасени при потонување на нивното бродче во близина на тунскиот брег. Властите во Тунис велат дека бродчето било преполно со 180 мигранти, туниски граѓани и 80 мигранти од други африкански земји.
Невработени Тунижани и други Африканци во импровизирани пловила се обидуваат да стигнат до Сицилија во Италија. Криумчарите со луѓе се почесто ја користат таа земја како почетна станица за пат кон Европа, бидејќи либиската крајбрежна стража, со помош на вооружени групи, ја зајакна контролата.