Јавноста во Австрија, деновиве ја бранува информацијата дека двегодишниот син на австриската министерка за туризам, Елизабет Кестингер, станал член на Народната партија на Австрија.
Идната претседателка на подмладокот на НПА, Клаудија Плаколм, објави слика на Инстаграм, каде што министерката му ја предава партиската книшка на нејзиниот син.
„Како што знаете, ние во Партијата денес мислиме и на идните генерации. Затоа ми е драго што наскоро ќе го примиме Вашиот син како најмлад член”, напиша девојката покрај фотографијата.
Таа објава предизвика бура од реакции бидејќи двегодишно дете не може да одлучи за пристап во која било партија.