На вечерашната средба во Министерството за финансии, двете страни не се договорија околу синдикалните барања за зголемување на платите, пренесе Канал 5.

Од СОНК велат дека Владата очигледно несериозно ја сфаќа најавата за штрајк следниот понеделник.

Од Владата пак предупредија дека ќе има казни, ако градинките одлучат да не ги примаат децата.