Американската вселенска капсула „Старлајнер“ изработена од „Боинг“ не излезе на планираната орбита по пробното лансирање од Флорида денеска, но се наоѓа на стабилна орбита, соопшти НАСА.
Џим Брајденстин, раководител во НАСА, објави на Твитер денеска дека „Старлајнер“, сепак е на стабилна орбита.
– Старлајнер беше лансиран утрово без екипаж од Кејп Канаверал на Флорида, но по раздвојувањето од ракетата се појави компјутерска грешка во уредот за мерење на времето, изјави тој.
– Поради таа номалија, леталото имаше поинакво време од вистинското време, додаде Брајденстин.
Првиот пробен лет на капсулата, изнесена на орбита со помош на ракетата „Атлас V“, беше одложен од 19 на 20 декември поради временски непогоди.
Генералната проба на „Старлајнер“ е за идните експедиции кои треба да вклучуваат и луѓе. НАСА сака да ги користи приватните вселенски бродови како CST-100 „Старлајнер“ на Боинг или „КруДрагон“ на „СпејсИкс“, да испраќа луѓе и стоки на МВС.
Сепак, поради проблеми во разработката на тие сонди, НАСА засега се уште користи руски апарати, како сондата Сојуз, за сигурен транспорт во орбитата.