Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ планира да поднесе тужба против американскиот производител на авиони Боинг поради неизвесноста за спорниот модел 737 МАКС.

Превозниците ширум светот во март ги повлекоа авионите Боинг 737 МАКС по две големи авионски несреќи во Индонезија и во Етиопија во кои загинаа вкупно 346 луѓе.

Боинг на почетокот од неделата објави дека во јануари привремено ќе го запре производството на проблематичниот авион, но не наведе колку долго нема да се произведува Боинг 737 МАКС.

„Туркиш ерлајнс“ во март соопшти дека суспендирал летови на 12 авиони од типот Боинг 737 МАКС и за тоа очекува компензација за загубите кои произлегоа од приземјените авиони. Поради повлекувањата на спорните авиони „Туркиш ерланс“ беше принуден да го намали бројот на домашни летови и да ги зголеми цените на билетите.