Објавена е листата на наjопасни земји за живот за жените во 2018 година, истражување на Ројтерс Томпсон Фондацијата.
На прво место е рангирана Индија, позната под синонимот најмногубројната демократија во светот, а ја следи Авганистан.
Најголемото изненадување сепак, се САД, рангирани на десеттото место и се единствената западна земја која се најде на едно од првите десет места на светската листа.
Околу 550 експерти за правата на жените учествувале во истражувањето кое претходно е спроведено и во 2011 година, кога како најопасни земји беа индетифкувани Авганистан, ДР Конго, Пакистан, Индија и Сомалија.
Експертите беа прашани кои од 193 членки на ОН се најопасни за жените како и најлоши за здравството, економските ресурси, традиционланите практики, сексуални и несексуални напади и трговија со луѓе.
Во Индија, која го зазема првото место, степенот на насилство против жените е многу голем, иако владата вети дека ќе го решава прашањето откако една студентка беше силувана и убиена во автобус во Делхи пред пет години. Индија е на прво место во три категории – ризици од сексуално насилство со кои се соочени жените, од културни и традиционални практики и од трговија со луѓе, вклучувајќи присилна работа, сексуално ропство и домашно злоставување.
Потоа на листата се Авганистан, Сирија, Сомалија, Саудиска Арабија, Пакистан, ДР Конго, Јемен, Нигерија и САД.
САД се единствената западна земја рангирана во топ десет. Го дели третото место со Сирија од ризици за жената од сексуална насилство, вклучително и силување, сексуални напади, присилување на секс и недоволен пристап до правда во случаите на силување.
Истражувањето ја следи и кампањата #MeToo каде илјадници жени се здружија на Интернет да ги споделат своите приказни за сексуални вознимерувања и напади.