Бил Гејтс вложува четири милиони долари во проект за создавање генетски модифицирани комарци, кои ќе се уништуваат меѓусебно преку секс, пишува „Њујорк пост“.

Се работи за особено храбар и необичен обид да се стави крај на маларијата, смртоносна болест, која обично се пренесува со угриз на заразен комарец. Гејтс планира да вложи пари од сопствената добротворна организација „Бил анд Мелинда Гејст Фаундејшн“. Планот е создавање модифицирани машки комарци, кои се парат со женки во дивина. Само женските комарци гризаат, па армијата генетски модифицирани машки комарци на Гејст би била сигурна за луѓе.
Тоа што е важно е тие машки комарци да имаат ген кој во текот на парењето ќе се пренесе на женките. Благодарение на тој ген, потомците на оплодените женки умираат пред да се развијат. За оваа идеја заслужна е британската компанија „Окситек“, која производот го нарече „Френдли москвитос“
„Окситек“ веќе направи сличен потег во борба со „Зика“ вирусот.
Во некој подрачја, популацијата на комарци заразена со вирусот „Зика“ се намалила за дури 90 отсто. Тоа што е во случајот со маларија е поинаку, е што за овие комарци се потребни нови, генетски модифицирани комарци, кои ќе се парат со женките.
„Килер секс москвитос“ ќе бидат подготвени за проба до 2020 година.

Сепак, не сите се задоволни од изгледите за генетски модифицирани комарци кои ќе се користат за предвремено прекинување на нивните потомци.
Работата на „Окситек“ беше силно критикувана од „Фриендс оф д Ерт“, добротворна организација посветена на заштитата на животната средина.

Во 2012 година, Ерик Хофман од„Фриендс оф д Ерт“, рече: „Испитувањата на комарците не смеат да одат понатаму во отсуство на сеопфатни и непристрасни прегледи за еколошкиот, човечкиот здравствен и етички ризик”.

Во изјава во тоа време, „Фриенсд од ф Ерт“, рекоа: „ГМ-комарците имаат за цел да ја намалат дивата популација со парење со природни комарци и да произведат потомство кое не преживува, со што се намалува популацијата и преносот на тропската болест “.
„Компанијата беше остро критикувана за ставање на своите комерцијални интереси пред јавната безбедност и, онаа на  животната средина. Првите изданија на ГМ- комарци беа пуштени  на Кајмански Острови, каде што не постои закон за биосигурност или регулација “.

Компанијата „Окситек“ беше тесно вклучена во изготвувањето на насоки за проценка на ризикот од ГМ инсекти во светот, што, пак,  води до загриженост за недостаток на независен надзор и конфликт на интереси.

Но, Бил Гејтс е долгогодишен поддржувач на работата на Окситек.
Во 2010 година, тој му даде 4,9 милиони долари на Окситек, за да помогне во финансирањето на раната фаза на проектите за комарци убијци.
Тој екстензивно финансира работи за искоренување на маларијата, болест која убива околу 440 000 луѓе секоја година.
Компликации кои го загрозуваат човечкиот живот, вклучувајќи и оток на крвните садови во мозокот, зголемување на течност во белите дробови, откажување на орган (на бубрезите, црниот дроб или слезината, анемија и низок шеќер во крвта).