Трета година по ред Албанија се наоѓа во извештајот за дрогите во светот изготвен од канцеларијата за дроги и криминал од ОН, пренесува Албаниан њуз.

Според извештајот, Албанија и Холандија се двете земји кои се најспоменуваните во меѓународната трговија на канабис.

Извештајот главно се фокусира на состојбата во 2016 година, кога Албанија нареди чистење на 5206 полиња засадени со канабис.

Но, на глобалната мапа Албанија се обележува и како земја вмешана во трговијата со хероин кој доаѓа од Азија преку Турција кој потоа се дистрибуира во Западна Европа.

Албанците се исто така наведени во нелегални активности во странски држави каде тие сексуачлно експлоатираат жени и ги користат за транспорт на дрога, се истакнува во извештајот.