Мерилин Вос Савант понуди решение за најпроблематичното прашање за многу дами – како да се одржи витката линија.

Проблематиката на денешнината на претставничките на поубавиот пол е како да се одржи виткото тело, а во потрага по одговори, многу дами и се обратија на најпаметната жена во светот. Американката Мерилин Вос Савант (73), која влезе во Гинисовата книга на рекорди како жена со највисок коефициент на интелигенција, и има соработувано на бројни проекти за подигање на свеста за детската интелигенција и методологии за подобрување на интелигенцијата, речиси три децении пишува колумна во магазинот Парејд.

Токму во последната ниту ги допре логичките загатки, ниту математичките проблеми, туку понуди решение за најпроблематичното прашање за многу дами: како да се одржи виткото тело? Па, колку и да многумина очекуваа многу интелигентни информации, Мерилин понуди искрени, директни одговори кои умно ја балансираат тематиката на која многу експерти прават милиони со продажба на диети кои гарантираат губење на тежината.

1. Заборавете на грицките

Меѓу основните правила што ќе го доведат телото во ред, Мерилин го наведе исфрлањето на грицките од количката во продавница. Имено, полиците во кујната треба да бидат исполнети со целата храна за три дневни оброци, но слатките и солени закуски, како што се бисквити, чипови и сите други опасни за линијата, треба да бидат целосно исфрлени.

2. Исклучете ги меѓу оброците


Наместо овошје и сокови за меѓуоброк, кои Мерилин не ги исклучува како здрава храна, таа советува чаша чај. И потполно спротивно на верувањето за слаба вечера, таа денот го завршува во уживање на храна која ја сака, затоа што верува дека храната е покорисна за организмот кога сте гладни, а не кога вашиот распоред тоа ви го налага.

3. Одвикнете се од калоричните ладни пијалаци

Соковите и млекото Мерилин ги толерира само на појадок, а важно правило што треба да се следи е да пиете пијалаци без мраз. Таа верува дека со мраз, пијалаците стануваат водени, што го уништува нивниот вкус, па затоа имаме потреба тоа да го надоместиме со некои слатки пијалаци. Покрај тоа, температурата на водата од 22 степени во текот на летото е доволна за да се олади телото изложено на надворешни температури од 38 степени и повеќе, сè друго е штетно.

4. Никогаш не ја „чистете” чинијата

„Јадењето премногу храна е најлош вид на фрлање вкусна храна“, тврди најпаметната жена на светот. Колку и да ви е вкусен вашиот оброк, најдобрата опција за добра линија е да научите да ја оставате храната на чинијата за вашиот следен оброк, но никако за закуска или грицкање. За оние кои не можат да се контролираат, Мерилин препорачува сервирање во помали чинии.

5. Уживајте во вечерата

Задоволството да уживаме во вечерата со семејството и пријателите во современиот свет со брзо темпо полека исчезнува, но тоа не треба да нè спречи да уживаме во секој залак кога јадеме сами. Омиленото уживање на славната колумнистка е излегување на вечера и „растегнување“ на омилениот ритуал без брзање.

6. Ценете ја храната и уживајте во секој залак

Ако сакате храна, тогаш со љубов однесувајте се кон секој залог, на начин што секој ќе го џвакате онолку долго колку што можете и да ја почувствувате аромата во устата. На тој начин ќе се спасите од проблеми со надуеност и грчеви.

7. Останете доследни во навиките

Викендот е најчесто оаза на релаксација, а многу тоа го разбираат како ослободување од сите кочници во исхраната до кои се држат во текот на неделата. Мерилин советува строго да се придржувате до распоредот, а во моменти на безделничење, наместо да грицкате, посегнете по активност како што е одење или велосипедизмот.

8.Не ги потценувајте калориите

Здравата исхрана во оброкот не дозволува прејадување, што е голема грешка на многу во исхраната, луѓето ги потценуваат калориите. Лесен појадок и ручек во случајот со Мерилин брои 250 калории.

9. Јадете само храна што ја заслужувате

Никогаш не јадете лоша храна, вашето тело го заслужува само најдоброто. Затоа, заборавете на зовриените тестенини, мрсен сендвич или лошо колаче, затоа што едноставно тоа не го заслужувате.