Поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика донирал 90 отсто од својата плата која изнесувала 12.500 долари во добротворни цели.
Мухика за себе користел само 1.250 долари.
– Ме нарекуваат најсиромашниот претседател, но не се чувствувам сиромашен. Сиромашните луѓе се само оние кои работат само за да го пробаат скапиот начин на живот, и потоа секогаш сакаат повеќе и повеќе, изјавил Мухика.
Некогашниот претседател на Уругвај многумина го нарекуваа најсиромашниот претседател на светот поради скромниот начин на живот.
Мухика бил претседател на Уругвај од 2010-та до 2015-та година, а потоа служел како сенатор.
Според Википедија тој е опишан како најскромен шеф на држава на светот поради скромноста и донациите од околу 90 отсто месечно од платата во хуманитарни цели, а во корист на претприемачите и сиромашните.
Тој возел „фолксваген буба“ од 1987-та година и продавал цвеќиња кои што тој и неговата сопруга ги одгледувале во нивната градина.
Живеел во скромна селска куќа покрај Монтевидео со својата сопруга, немал телохранители ниту пак официјален возен парк.
Кај нас во Македонија, пак, политичарите се „великодушни и донираат“ само во периодот на изборните кампањи, додека ги освојат симпатиите на гласачите, односно гласот на народот.