Њујоркчанецот Луис Бориа е професионалец во плетењето. Тој работи како административен асистент, а пред десет години научил да плете и од тогаш секојдневно не ги остава иглите.

Секојдневно додека патува со подземната железница Бориа го скратува времето и се забавува со плетење. Пејачката Френчи Дејвис еднаш го фотографирала задлабочен во плетењето и снимката ја објавила на социјалните мрежи, а после тоа Бориа станал славен.

А со славата стигнале и нови деловни шанси, по што Луис Бориа почнал сериозно да се занимава со хобито. И почнал своите плетени ракотворби да ги продава во Австралија и Јапонија.

Погледнете го видеото и виртуозот со игли за плетење.