Македонката Љубица Бакреска, која живее во Австралија, за стотиот роденден доби многу честитки, меѓу кои и од кралот Чарлс.
Таа вели дека тајната на долгиот живот е редовно да се пее и да се шета во природа. Освен честитката од кралот Чарлс, на баба Љубица роденденот и го честитаа и гувернерот на Австралија и премиерот на Западна Авсралија.
Според австралиските медиуми, Љубица Бакреска е најстарата Македонка на овој континент, родена на 7 октомври 1923 во селото Велгошти кај Охрид.
Нејзиниот стоти роденден беше прославен во просториите на Македонскиот културен центар Илинден каде присуствуваа и членовите на нејзината фамилија.
Од името на Македонија честитка упати македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска-Сековска, а поздравната телеграма ја прочита почесниот македонски конзул Зоран Ќосески.
Баба Љубица има два сина и една ќерка, пет внуци, 10 правнуци и шест пра-правнуци.