Најстариот човек на светот Боб Вајтон денеска го прослави својот 112-иот роденден во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот, објави Би-Би-Си.
Вајтон, поранешен учител и инженер, од Хемшир во јужна Англија, е роден во 1908 година.
Тој ги преживеал епидемиите на шпанскиот грип, колера и сипаници и сега се наоѓа во карантин во својата куќа за време на коронавирусот.
Лани го прослави својот 111-ти роденден со многу пријатели во неговиот дом, ногодинава ќе биде поинаков роденден.
– Се е откажано, нема гости, нема прослава, изјавил Вајтон.