Мајчинскиот инстикт е многу моќен. Присутен е во секој момент кога мајката ќе почувствува дека детето е во опасност, без разлика дали е нејзино или нечие друго. Ова шесто сетило значи дека мајките можат да ги видат работите пред тие да се случат.

Во овој случај жената со име Ребека почувствува дека нешто не е во ред кога на нејзината каса дошла жена со дете.

Инаку, Ребека е исто така мајка која за викенд работи како касиерка во маркет. Неодамна една жена влегла во маркетот со својата ќерка Анабела. Кога дошле на ред на касата, Ребека забележала дека нешто не е во ред.

Ја погледната жената со име Џесика и погледнала нешто необично. Ребека ја прашала дали е во ред, но не добила одговор. Така Ребека сфатила дека нешто мора да направи.

Без секунда размислување, Ребека го земала бебето од рацете на Џесика и го земала кај себе. Неколку секунди подоцна мајката паднала на под затоа што добила епилептичен напад. Ребека го чувала малото бебе и повикала брза помош.

Џесика за среќа поминала без повреди, а благодарејќи на брзата реакција на Ребека и малата Анабела минала без побреди.

-Инаку, добивам некој знак на предупредување пред да добијам напад. Но овој пат ништо не забележав. Во еден момент бев на каса, а потоа се разбудив во возило од брза помош, раскажа Џесика.