Клои Крес (14) била пациентка во детската болница во Мемфис 18 месеци заради ретка форма на карцином кој се развива во мускулното ткиво, најчесто во нозете, рацете или градите.
Во јуни 2018 година, Клои многу почнал да ја боли грбот. Бидејќи добила и треска и имала проблеми со одењето, отишла во болницата каде е откриено дека има маса во градите. Потоа била пренесена од болницата во Тенеси во Мемфис, каде било откриено дека има многу ретка форма на карцином, кој исто така бил напреден.
„На почетокот, само слушате дека е напреден и мислите, ох леле, ќерка ми има рак четврти стадиум“, вели нејзиниот татко, Шон.
„Првото прашање на Клои беше дали ќе умре“, ракажува татко и.
Шон цело време бил покрај неа – низ хемотерапија и осум операции за средување на компликациите со хранопроводот.
Сега, речиси 2 години откако и бил дијагностициран карцином, Клои конечно си оди дома – како победник.
„Фала му на Бога, таа го победи ракот. Тоа е лудо. Помина толку време, а вие не престанувате да се надевате, но конечно заврши. Нереално е. Не можам да опишам колку сме среќни. Некако живеевме третман по третман и се прашувавме кога ќе заврши“, рече Шон.
Клои едај чека да биде заедно со семејството и нејзините кучиња. Во исто време, поставена е сметка на GoFundMe за да се соберат донации за разубавување на нејзиниот Божиќ.
Ова е навистина еден од најдобрите подароци за Божиќ.