Децата денес сакаат да гледаат видеа од сè и сè што ги прави родителите многу нервозни. Но, една мајка од Англија е среќна што нејзината ќерка гледала видео со прва помош, што пак го искористела за да и го спаси животот.

Седумгодишната Џесика Киндер многу сака да гледа видеа на „Јутјуб“ и еден ден кога не и било добро, нејзината мајка ја завиткала, и го пуштила филмот „Гринч“ и и ’направила чај, но потоа мајка и паднала на подот – добила напад.

Девојчето дејствувало брзо и повикало брза помош и почнало да и дава прва помош. Мајка и на Џесика, Беки Грин била шокирана кога видела дека доаѓа брзата помош, а ќерка и била многу вознемирена.

Беки била пренесена во болница, а подоцна и била дијагностицирана епилепсија.

„Кога сфатив што се случило, ја прашав како знаеше што да прави“, вели Беки . „Џесика ми рече дека видела некој на „ЈуТјуб“ како го прави тоа“.

Џесика сега сака да стане доктор или медицинска сестра.

Беки вели дека нејзината ќерка многу сака да гледа разни видеа, но немала појма дека гледа нешто во врска со прва помош.

„Моето мало девојче веднаш почнало со прва помош затоа што мислела дека умирам. Таа знаела дека треба да седне врз мене и да притисне со нејзината тежина затоа што тоа го гледала на ЈуТјуб “, рече Беки.

Таа додава: „Ако не знаела што да прави или не реагирала толку брзо, кој знае што би се случило“, вели мајката на Џесика и рече и дека планира нешто посебно за Божиќ за да и се заблагодари.

„Многу сум горда на неа. Не можам да верувам колку херојски се однесуваше“, вели Беки. „ Мора да и било многу стресно да го види сето тоа, но сепак се обидела да помогне. Навистина е неверојатно што едно 7-годишно девојче реагирала така“.